Машката комбинирана селекција на Македонија на играчи „Под 16“ години го одигра и вториот пријателски натпревар со селекцијата на Грција. Домашната репрезентација славеше сигурен триумф и на оваа проверка реализирана во Солун.
ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 75:51
Грчката селекција го доби првиот период со резултат (22:18). Марјановиќ реализираше седум поени, а Ѓорѓевиќ уште пет во тој воведен дел од втората проверка во Солун.
На почетокот на вториот, младите грчки кошаркари направија серија од (12-3) по која се стекнаа со уште повисока предност (34:21). Марјановиќ и Симиќ ја прекинаа, за да ја сведеме негативата на едноцифрена (25:34).
Слична беше предноста на противникот и на полувремето (40:31).
Имавме проблеми со реализацијата и во второто полувреме.
Нашиот тим имаше само еден реализиран обид за три поени (од вкупно 12), нешто подобри 34% во обидите за два, и 50% за еден поен. Довoлно Грците да ја зголемат предностa на уште повисоки (53:36). Тоа беше вовед во уште поефикасна игра на домаќините кои на тој начин го добија и овој втор контролен натпревар во Солун. И тоа како добредојден за двете кадетски селекции за она што следува во наредниот период, а ќе кулминира со настапите на Европското првенство од Дивизијата „А“ за играчи „Под 16“ години кое во текот на август ќе се одржи во Скопје.