Вечерва се одигра и вториот меч од третиот ден, воедно и последниот на турнирот во Гевгелија. На теренот во салата „26.април“, истрчаа јуниорските репрезентации на Грција и на Црна Гора.
На крајот, победата ја однесоа грчките јуниори, кои покажаа многу повеќе од своите колеги од Црна Гора.
ГРЦИЈА – ЦРНА ГОРА 86:50
Јуниорската селекција на Грција е победник на второто издание на меморијалниот турнир „Боби Петковски“ кој вечерва, на свечен начин, беше и официјално затворен.
Младите кошаркари на нашиот јужен сосед стигнаа и до третата победа во третиот одигран меч во салата „26.април“ во Гевгелија, и сосема заслужено го добија победничкиот пехар од рацете на претседателот на македонската кошаркатрска федерација, Перо Антиќ.
Нашата селекција „Под 18“ години со скор од две победи (против Црна Гора и Израел) и еден пораз го доби пехарот за второто место на турнирот. Зад нас останаа селекциите на Израел, и на Црна Гора, единствената селекција на турнирот која не запиша ниту една победа.
Авдалас е најкорисниот играч на турнирот
Кошаркарот на грција, неоклис Авдалас е прогласен за најкорисниот играч на турнорот во гевгелија. Апсолутно заслужено ако се знае дека овој млад кошаркар покажа доминантна игра во сите три натпревари на неговвата селекција која убедливо стигна до првото место. Беше еден од „факторите“ што јуниорскиот тим на Грција запиша три убедливи победи на меморијалот „Боби Петковски“.
МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „БОБАН ПЕТКОВСКИ“2023 – ГЕВГЕЛИЈА
РЕЗУЛТАТИ
ПРВ ДЕН
Грција – Македонија 93:66
Црна Гора – Израел 64:76
ВТОР ДЕН
Македонија – Црна Гора 70:67
Грција – Израел 97:61
ТРЕТ ДЕН
Македонија – Израел 82:59
Грција – Црна Гора 86:50