05.06.2025

На 7. и 8. јуни, во СРЦ „Кале“ ќе бидат реализирани селективните тренинзи за најталентираните млади кошаркари

Групи и распоред на селективни тренинзи од развојниот ФИБА проект „Заедно до 14“

Во текот на викендот, поточно на 7 и на 8.јуни, Македонската кошаркарска федерација ќе ги реализира планираните активности поврзани со селективни тренинзи за кошаркари родени 2012 и 2013 година, кои ќе бидат дел од развојниот ФИБА камп за оваа 2025 година.

Со оглед на големиот број на пријавени играчи, формирани се неколку групи преку кои ќе биде изведена проверката на квалитетите-потенцијалот на младите кошаркари.

На 7.јуни (сабота), е предвиден селективен тренинг за играчите родени во 2013 година, а ќе биде реализиран во салата на КК „Вардар“ (мала сала на СРЦ „Кале“) во Скопје. Со оваа група ќе работат тренерите Мартин Анчевски, Сашко Ристов и Стефан Гелевски.

Наредниот ден, на 8. јуни (недела), во големата сала на СРЦ „Кале“, под контрола на тренерите Никола Димитриески, Алек Костадиновски и Драган Пецев, ќе бидат селектирани младите кошаркари, родени 2012 година.

РАСПОРЕД НА СЕЛЕКТИВНИТЕ ТРЕНИНЗИ   

Групи за селективен тренинг мажи 2013 СРЦ „КАЛЕ“ (мала сала)

(7.ЈУНИ)

Прва група (машки родени 2013) 9:00-10:00

Втора група (машки родени 2013) 10:00-11:00

Трета група (машки родени 2013) 11:00-12:00

Групи за селективен тренинг мажи 2012 СРЦ „КАЛЕ“ (голема сала)

(8.ЈУНИ)

Прва група (машки родени 2012) 9:00-10:15

Втора група (машки родени 2012) 10:15-11:30