18.10.2017

Групна фаза: Пораз за Карпош Соколи во Европа Куп

Вицешампион Карпош Соколи, кој е единствениот македонски претставник во групната фаза од Европа Купот на ФИБА, загуби во својот прв натпревар од регуларниот тек на сезоната. Во рамки на новоформираната група Х, Карпош Соколи од гостувањето кај Солноки Олај се враќа в Скопје со пораз.

Унгарскиот клуб постави доминанта игра уште рано во почетокот на натпреварот исфрлувајќи ги „соколите“ од колосек. По неполни десет минути игра македонскиот клуб беше во двоцифрена негатива што не успеа да ја анулира до крајот на средбата. Шанса за искупување, „соколите“ ќе имаат веќе за седум дена (25. октомври, среда) кога в Скопје ќе гостува Нижњи Новгород.

Солноки Олај - Карпош Соколи 94-73 (26-15, 17-19, 30-22, 21-17)

СТРЕЛЦИ
Карпош Соколи: Браун (13поени), Соколов (8), Николовски (11), Мекфаден (15), Чомагиќ (8), Лабовиќ (7), Ѓуроски (11)