01.02.2022

Натпреварот во Скопје ќе се одигра на 27. февруари, со почеток од 20. часот

Грузија нè чека во Тбилиси, „реваншот“ ќе го играме во спортскиот центар „Борис Трајковски“

Во продолжението од квалификациите за пласман на Светскиот Куп 2023, машката сениорска репрезентација ќе го промени местото на одигрување на натпреварите на домашен терен.

Откако првиот квалификациски натпревар „црвено-жолтите“ го одиграа во Спортскиот центар „Јане Сандански“, оној наредниот ќе биде реализиран на 27. февруари, во А1 Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Утврдено е и времето на одигрување на средбата против селекцијата на Грузија која е во рамките на 4. коло од групата „Г“ од квалификациите за СК 2023.

Вториот меч против Грузија во рок од неколку дена (првиот се игра на 24. февруари во Тбилиси, од 16 часот), ќе започне од 20.часот.