28.01.2020

ХЕНДИКЕП ЗА ХУВЕНТУД: Стомачен вирус го „покоси“ Димитријевиќ

Во најавата за средбата со Тофаш, закажана за вечерва од 18 часот, на веб-страницата на клубот од Бадалона стои дека поради стомачен вирус, Македонецот нема да биде во составот...

 

Ненад Димитријевиќ најверојатно нема да биде во играчкиот ростер на екипата на Хувентуд за вечерашното гостување во Бурса (18.часот), кое е дел од 4. коло од ТОП 16 фазата на Еврокупот.

Од клубот од Бадалона информираа дека македонскиот кошаркар има проблеми со стомачен вирус поради што најверојатно нема да биде дел од екипата која ќе се обиде по втор пат во рок од седум дена да биде подобра од турскиот претставник.

Секако сериозен хендикеп за плановите на стручниот штаб на „зелено-црните“ за овој дуел.

Меч кој е од круцијално значење за развојот на ситуацијата во групата „Х“, во која по три одиграни кола, три екипи имаат идентичен ефект од две победи и еден пораз, и имаат подеднакви шанси за пласман во четвртфиналето.