20.05.2023 Поранешниот шпански репрезентативец ќе биде на оваа престижна функција во наредните четири години. ФОТО: Претеседателот Антиќ и генералниот секретар Георгиевски меѓу првите му го честитаа изборот на Гарбахоса Во гласањето на 50. федерации-членки на ФИБА во Минхен, Гарбахоса убедливо го победи својот единствен противкандидат, Французинот Жан-Пјер Сиута и ќе стане првиот Шпанец на позицијата прв човек на европската кошарка каде ќе го замени Тургај Демирел кој девет години беше претседател. На функцијата, тој заминува како претседател на Кошаркарската федерација на Шпанија (ФЕБ), место кое ќе треба да го напушти најдоцна за три месеци. За време на неговото „владеење“, од 2016 година, Шпанија ги обедини светската и европската титула и првпат во историјата се наоѓа на првото место на ранг-листата на ФИБА.