18.09.2025

Нашиот единствен активен клуб за кошарка во колички, ќе се бори за трофејот на турнирот, кој на 20.септември ќе се игра во Ниш

„Хоуп Спорт“ ќе учествува на Купот на Србија

На 20. септември (сабота), салата на нишкото основно училиште „Мика Антиќ" ќе биде епицентар на спортските случувања затоа што е закажан, односно ќе се одржи Купот на Србија во кошарка во колички. Настан кој го промовира спортскиот дух и инклузија, а го организира Сојузот на клубови на кошарка во колички на Србија.

На Купот на Србија силите ќе ги одмерат три тима: ККК „Наис“ од Ниш, ККК „Мега Деспот“ од Београда и нашиот „Хоуп Спорт“ од Скопје.

Системот на натпреварување е турнирски, односно трите клуба-учесници ќе одиграат по два натпревари по принципот„секој со секого“.

Три дена по одржувањето на турнирот во Ниш, почнува и Европската недела на спортот. Во пресрет на истата, за време на турнирот ќе биде промовиран и „Ерасмус +“ проектот на мали партнерства во рамките на проектот "Building Bridges", во кој како еден од партнерите е и нашиот клуб, „Хоуп Спорт“.

Проектот е создаден како би се поттикнала меѓународната соработка во областа на кошарката во колички, а целите се зголемување на компетенцијата и знаењата на тренерите кои работат со кошаркарите во колички, креирање на можности за спортистите во колички и подигнување на свеста и пружање на видливост на кошарката во колички, како и зголемување на спортските активности.

Покрај играчите, Македонија ќе има претставник и кај судиите. Тоа е Марјан Богески, кому, почнувајќи од овој собир во Ниш, во улога на ментори ќе му бидат долгогодишните судии во кошарка во колички, Марко Стојановиќ и Иван Митровиќ, како и членот на судиската комисија при КСС, задолжен за следење и унапредување на судискиот кадар, проф. Игор Ѓорѓевиќ.

КУП НА СРБИЈА-КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ–НИШ-2025

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

20. СЕПТЕМВРИ

09.15: ККК Наис-Ниш – Хоуп Спорт–Скопје

11.15: Хоуп Спорт–Скопје – ККК Мега Деспот-Белград

13.15: ККК Мега Деспот-Белград – ККК Наис-Ниш

* Сите натпревари се играат во салата на ОУ „Мика Антиќ“ во Ниш