Брзата транзиција како и расположените шутери се заслужни за втората победа на Јапонија на меѓународниот пријателски турнир што се одржува во Скопје. Овој пат, Јапонките беа подобри од нашата сениорска репрезентација триумфирајќи со 91-79 односно 25-20, 22-19, 26-20 и 18-20 по делници.
Самодовербата по синоќешната победа над Бугарија (77-62) беше присутна помеѓу избраничките на Марјан Лазовски што резултира со парирање во играта на формалниот домаќин на овој натпревар. Во првиот период кошаркарките од националната селекција на Република Македонија не им дозволуваа на искусните Јапонки да наталожат голема предност, а со прецизни шутеви за три поени стигнавме и до водство (17-18). Следеа неколку грешки во контра-напад по кои 'домаќинот' го презеде водството и со неколку проектили во преостанатотот време од првиот дел од натпреварот го преземаа водството (47-39). Во вториот дел од натпреварот, нашите кошаркарки се обидоа да ја забават играта на противникот, но одолговлекувањето на акциите резултира со брзи контри на Јапонија.
Стрелци на натпреварот
Јапонија: Нагаока (21), Фуџиока (10), Такада (13), Кондо (14), Мијазава (21)
Македонија: Трајчевска (15), Антиќ (15), Гивенс (32)