27.12.2022

Најдобар македонски играч во „3х3“

Христијан Ристов: „Поттик да работиме уште понапорно, и да докажеме дека во Македонија има квалитет“

Доминира кога станува збор за домашната сцена, а не поминува незабележан ниту на меѓународните баскет-терени. Некои го знаат како зимски баскет шампион, некои како MВП, а повеќето го знаат едноставно како – Кичо.

Христијан Ристов го доби признанието за најдобар играч во нашата земја во „3х3“за 2022 година.

„Навистина ова признание ми е најдраго во мојата кариера. Би сакал да се заблагодарам на кошаркарската федерација и на здружението ‘3x3 Македонија’ за ваква награда која само ќе ме поттикне во иднина не само како индивидуа туку и тимски да работиме понапорно и да докажеме дека во Македонија има квалитет.

 

Пресреќен сум и нешто што го посакував повеке од деценија конечно е во моите раце. Благодарам од се срце, на сите за изминатава година, на ‘Кино Влае’, и сите пријатели кој нè поддржуваат. Ова награда ја посветувам на мојата Софија, мојот најголем мотиватор“ – се заблагодари Ристов за честа, односно изборот за најдобар во 2022 година.