28.03.2023

Конечната одлука ќе биде донесена на Централниот одбор, кој ќе се одржи на 28. април.

Хрватска на местото на Велика Британија, само уште една непозната за олимписките претквалификации

Необезбедениот пласман на ФИБА Светскиот Куп во 2023 година не ги уништи надежите на многу играчи, и на национални тимови кои сè уште сонуваат да се натпреваруваат на Олимпијадата во 2024 година во Франција.

Патот до Париз е сè уште отворен за 40 национални селекции од целиот свет благодарение на олимписките претквалификациски турнири на ФИБА кои се воведени оваа година.

Олимписките ФИБА претквалификациски турнири ќе бидат формирани од 28 репрезентации кои учествуваа во второто коло од квалификациите за Светското првенство.

Останатите 12 земји кои ќе влезат во претквалификациите за ФИБА Олимписки турнири, ќе бидат меѓу највисоко рангираните репрезентации кои не се квалификуваа во второто коло од квалификациите за Светското првенство вo 2023 година.

Националниот тим на Велика Британија не се пријави за настанот. Тие се заменети со Хрватска, најдоброрангираната европска репрезентација која не учествуваше во второто коло од квалификациите за Светскиот Куп.

Првите 11 селекции се Мали (Африка); Чиле, Куба и Девствени Острови за Америка; Кинески Тајпеј, Индонезија, Кореја и Сирија за Азија; Македонија, Полска, Португалија за Европа како победници во секоја од нивните соодветни групи на претквалификациите на ФИБА Евробаскет 2025 година.

А 12. и последна репрезентација ќе биде најдобро рангираната европска селекција која не се квалификувала за Светското првенство.

Тоа е репрезентацијата на Русија која според одлуката на Централниот одбор во декември 2022 година ја следи Бугарија, следната најдобропласирана европска репрезентација.

Конечната одлука ќе биде донесена на Централниот одбор, кој ќе се одржи на 28. април.

 

Распределба на учесници во олимписките претквалификации по региони:

АФРИКА: Камерун, ДР Конго, Гвинеја, Мали, Нигерија, Сенегал, Тунис, Уганда

АМЕРИКА: Аргентина, Бахами, Чиле, Колумбија, Куба, Панама, Уругвај, Девствени Острови

АЗИЈА: Бахреин, Кинески Тајпеј, Индија, Индонезија, Казахстан, Кореја, Саудиска Арабија, Сирија

ЕВРОПА: Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Исланд, Израел, Холандија, Македонија, Полска, Португалија, Шведска, Турција, Украина и Русија или Бугарија*.

Инаку, петте олимписки ФИБА претквалификациски турнири ќе се одржат од 12. до 20. август 2023 година, а петте победници ќе заработат места на Олимписките ФИБА квалификациски турнири што ќе се одржат во 2024 година.