10.02.2018

Хрватска не е непобедлива!

Националната селекција во женска сениорска конкуренција вечерва со почеток во 20часот и 45 минути во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе го одигра третиот натпревар во рамки на евроквалификациите, прв од овој втор прозорец. Сениорките се подготвуваа за соодветната селекција на Хрватска во изминатата седмица, а вечерва ќе излезат на теренот барајќи ја својата шанса.

„Хрватска не е непобедлива репрезентација. Доволно ја скениравме за да го знаеме тоа. Ние мораме да бидеме максимално сконцентрирани вечерва и да не дозволиме мислите да ни залутаат. Покрај повредите наш единствен пех е тоа што ние во изминатите три-четири години сме комплетно неактивни поради што немаме доволно искуство. Тоа не значи дека немаме квалитет за победа“ - вели селекторот Марјан Лазовски.

Самодовербата е на високо ниво, концентрацијата нека ни биде уште повисока! Кон победа!

Вратите ќе бидат отворени за сите оние кои ќе сакаат да ја подржат репрезентацијата. Пренос ќе биде достапен на МРТ како и на youtube.com/FIBA