Селекцијата на Хрватска, еден од нашите противници на турнирот во Рига, во главниот град на Летонија доаѓа во уште посилен состав во однос на оној кој веќе беше на „балонот“ кој е дел од „“ квалификациската група за пласман на Евробаскетот 2021.
За дуелот со нашата селекција, закажан за 6. февруари, а и два ден подоцна против Германија, селекторот Стипе Бралиќ ќе има на располагање неколку битни кошаркарки, кои и онака силната Хрватска, ја прават уште посилна.
„Ако нема проблеми со короната како минатиот пат, би требало да бидеме во доста посилен состав отколку на претходниот ‘балон’. Големо засилување е настапот на еден од најдобрите европски центри, Марија Режан, а се враќа и Ивана Тиквиќ, со која сме уште посилни на центарската линија. На позицијата ‘четири’ ќе ја имаме и Леа Милетиќ, која ја санираше фрактурата на носот, а на крило ја добиваме и исклучително талентираната Ива Слоњшак, но и одличниот шутер Анџела Мариќ, кои не беа со нас минатиот пат во Рига“- ги појасни промените во репрезентацијата, Бралиќ.
Составот на Хрватска за „балонот“ во Рига, a кој брои 14.кошаркарки, изгледа вака:
Андријана Цвитковиќ (Рутроник Старс Келтерн,Германија), Ана-Марија Бегиќ (Виртус Сегафредо Болоња,Италија), Клаудиа Периша (Инексио Ројалс Сарлоуис, Германија), Миа Машиќ (Хановер,Германија), Ивана Дојкиќ (УСК Прага,Чешка), Ива Слоњшак (Хинот,Франција), Леа Милетиќ (Пиештанске Чајкс, Словачка), Ивана Тиквиќ (Магнолиа Кампобасо, Италија), Марија Режан (УСК Прага, Чешка), Ружица Џанкиќ (Флипо Баскетс БГ 74, Германија), Анџела Мариќ (Реинланд Лионс, Германија), Ана Петрак (ЖКК Медвешчак), Јосипа Силов (ЖКК Рагуса), Ивана Ујевиќ (ЖКК Шибеник)