Првиот човек на КФСМ, во придружба на младата репрезентативка Јована Петрушевска, и познатиот автомобилски ас, Игор Стефановски-Иџе ги посетија просториите на хуманитарната организација „Даре Џамбаз“, и даруваа крв..
КФСМ и првиот човек Перо Антиќ во нова хуманитарна акција.
Сега во Државната Видео лотарија на Македонија, каде беше дел од крводарителната акција.
И тоа заедно со уште еден голем спортист, Игор Стефановски-Иџе. Им се придружи и нашата млада кошаркарка, репрезентативката Јована Петрушевска.
„Ова се работи кои едноставно не можат да се одбијат. Секако, не само во оваа, туку во секоја наредна прилика, ќе се појавам на вакви акции кои ги организираат овие добри луѓе. Се надевам дека ќе делува потикнувачки и кај другите, да помогнат со тоа што ќе даруваат крв“- потенцираше Антиќ по краткиот одмор по дарувањето на крв.
За овој хуманитарен гест, претседателот Антиќ доби и еден скромен подарок од лекарската екипа присутна во „Даре Џамбаз“. Метален приврзок на кој е означена неговата крвна група.