Менаџментот на „Еца“, компанијата која раководи со двете најквалитетни европски кошаркарски натпреврувања, ги одреди учесниците во следното издание на Еврокупот.
Како што е познато од претходно, на списокот се најдоа вкупно 24. екипи од Стариот континент. Согласно со одлуката на Бордот, осум од нив се екипите кои во сезоната 2019/2020 стигнаа до четвтрфтиналето кое не беше одиграно поради пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД 19.
Беа доделени и три специјални „покани“ кои отидоа кај шпанскиот Хувентуд, екипата за која настапува нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, францускиот Нантер 92, и италијанската Венеција.
Првиот дел од ова натпреварување е планиран да се одигра во периодот од 30.септември до 16. декември, а ТОП 16, според драфт-распоредот, ќе биде од 30.декември до 3. февруари.
Четвртфиналето се игра од 2. до 10.март, а полуфиналето од 16. до 24. март.
Финалната серија пак е планирана од 6. до 14. април 2021 година.
ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ ВО ЕВРОКУПОТ
Монако, Бахчешехир, Будуќност, Цедевита Олимпија, Скајлинерс Франкфурт, Бурсаспор, Бреша, Гран Канарија, Бург, Хувентуд, Лиеткабелис, Локомотив Кубан, Макаби Ришон ЛеЗион, Левалоа, Андора, Нантер 92, Партизан, Промитеас, Ратиофарм Улм, Антверп, Рејер Венеција, Уникаха, Уникс, Виртус Болоња