07.03.2020

Хувентуд ја победи Уникаха во Еврокупот, но загуби во АЦБ лигата

Ненад Димитријевиќ реализираше шест поени, три асистенции и два скока во поразот на домашен терен против тимот од Малага (82:97)...

 

Првото полувреме, кое гостите го добија со еден поен (46:45), не помина добро за нашиот млад репрезентативец. Димитријевиќ одигра повеќе од девет минути во кои не го реализираше единствениот обид од поле. Но имаше два скока и исто толку асистенции.

Во второто полувреме од овој меч, кој беше своевидна реприза на оној од пред неколку дена, но во 6.коло од ТОП 16 фазата на Еврокупот, сосема различен резултатски епилог.

Гостите од Малага заработија уште еден поен, па во последниот период тргнаа со плус 2 (65:63). А нашиот млад репрезентативец успеа да поентира во единствениот обид од игра.

Многу подобро поентерско издание на бекот на Хувентуд во периодот на одлука. И на крајот од играта Димитријевиќ реализираше шест поени (2/4 за два и 2/2 од линијата за слободни фрлања), три асистенции, два скока и една загубена топка за 22:23 минути на теренот.

По 23.одиграни кола, и ефект (9-14), тимот од Бадалона е на делба на 12.место на табелата во АЦБ лигата.