Екипите на Хувентуд и на Морабанк Андора ја имаа честа да ја отворат „Лигата на Каталонија“, подготвителен турнир во центарот на Каталонија на кој учество земаа и домаќинот Барселона, односно екипата на Манреса.
Во првото полуфинале. Морабанк Андора славеше со минимални (77:75), против тимот на Ненад Димитријевиќ.
Благодарение на подобрата игра во првата, односно во последната четвртина. Во првата поведоа со сигурни (20:12), а во последната направија комплетен пресврт. Ја анулираа негативата од седум поени, (63:60) коај ја имаа по три периоди од играта.
Една одлична, трета четвртина, која ја добија со (29:14), се покажа како недоволна за кошаркарите на Хувентуд.
Ненад Димитријевиќ одигра 12:32 минути на оваа проверка. Притоа македонскиот репрезентативен бек реализираше четири поени (0/1 за три, 1/1 за два и 2/3 за еден поен). Имаше и три скока и две асистенции за тоа кратко време во игра.
Инаку новакот во редовите на „зелено-црните“ Анте Томиќ, со 22 реализирани поени беше најефикасниот играч на теренот.
Во натпреварот за третото место Хувентуд ќе игра против поразениот од дуелот Манреса-Барселона.