05.03.2020

Хувентуд не го даде домашниот терен, но тоа е премалку за четвртфинале во Еврокупот!

Екипата од Бадалона го доби шпанското дерби против Уникаха, но на крајот тоа не е доволно за место во големата „осумка“ каде отиде екипата од Малага, која важи за еден од фаворитите за пласман во Евролигата...

 

Крајот на шестиот круг од ТОП 16 фазата во Еврокупот. значеше и детерминирање на двојките за онаа наредната, четвртфиналната.

Засега седум екипи останаа во битката за две места, оние во големото финале, преку кои се стигнува до главната награда – Евролигата.

За жал меѓу нив не е и екипата на Хувентуд. Единствениот клуб во кој имавме свој претставник во Ненад Димитријевиќ, славеше убедлив триумф против Уникаха. Со оние (101:86), тимот од Бадалона го задржа ореолот на непобедливи во својата сала. Но скорот (3-3) остана како недоволен за место во четвртфиналето. Таму оди екипата која убедливо ја совладаа, заедно со уште шест други.

Последната ќе биде позната по одигрувањето на средбата Дарушафака-Виртус Болоња, која се игра вечерва, на неутрален терен во белградската Арена.

Победникот од тој дуел ќе го освои второто место во групата „Е“, и за противник во четвртфиналната серија ќе го има тимот на Монако.

Во четвртфиналето, односно серијата „подобар во три натпревари“(дома-гости-дома), предноста на домашен терен ја имаат првопласираните четири екипи од ТОП 16 фазата.

Разигрувањето на осумте најдобри во Еврокупот ќе се одвива во периодот од 17.до 25.март.

ЕВРОКУП

ДВОЈКИ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ

ДВОЈКА А: Партизан – Уникс

ДВОЈКА Б: Промитеас – Тофаш

ДВОЈКА Ц: Монако – Дарушафака/Виртус Болоња

ДВОЈКА Д: Уникаха – Умана Рејер Венеција

* Се игра според системот „подобар во три натпревари“

ПОЛУФИНАЛЕ

Победник ДВОЈКА А – Победник ДВОЈКА Б

Победник ДВОЈКА Ц – Победник ДВОЈКА Д