07.10.2020

Девет поени, седум асистенции и три скока за Ненад Димитријевиќ во победата над Бург (84:77).

Хувентуд одличен и во Франција, има „два од два“ во Еврокупот

Во вториот круг од натпреварите во Еврокупот, Хувентуд гостуваше во Франција, а противник им беше екипата на Бург. По израмнетото прво полувреме гостите од Бадалона стигнаа до сигурен триумф од (84:77).

Втор за Ненад Димитријевиќ и колегите на отворањето на европската сезона

Во првата четвртина, бекот на „зелено-црните“ реализираше два поени (едно положување и два неуспешни обиди за три поени). Имаше и по еден скок и асистенција. А до истекот на полувремето нашиот репрезентативец додаде уште пет поени (вкупно седум), плус и едно додавање.

Неговата екипа имаше позитивен резултат (42:38).

Во продолжението, шпанскиот тим имаше и плус од 14.поени (58:44), потоа и (65:49), за на крај на третиот период, Димитријевиќ да положи, и да постави највисоки (69:51).

Во последниот период, францускиот состав ја направи негативата едноцифрена, (75:79) беше резултатот на 1:32 минути до крајот.

За 19:08 минути во игра, Димитријевиќ реализираше ефект од девет поени (1/5 за три, 3/5 за два и 0/2 за еден поен), седум асистенции и три скока.

Претходно, во оваа „А“ група, Уникс го победи турскиот Бахчешехир со (89:88), а Партизан беше многу подобар од Умана Рејер Венеција (95:73).

По две одиграни кола, Хувентуд има максимален ефект (2-0). Четири екипи, Партизан, Уникс, Венеција и Бург имаат половичен ефект (1-1), додека турскиот претставник засега е без победа.