Ненад Димитријевиќ се наоѓа на списокот на 12. кошаркари на кои смета стручниот штаб на екипата на Хувентуд за наредната натпреварувачка сезона.
На официјалниот фејсбук профил, клубот од Бадалона ги стави имињата и броевите на играчите кои ќе бидат на располагање за сезоната 2020/2021, а нашиот репрзентативен бек си ја задржува „нулата“ на дресот во „зелено-црна“ комбинација.
Претходно, постоеше опција Ненад да направи трансфер и да биде нов играч на Валенсија, а уште една сезона да остане на позајмица во Хувентуд кој е негов матичен клуб и од каде ја почна својата професионална кариера.
Затоа сеуште не е целосно јасно каква ќе биде судбината на нашиот интернационалец, односно дали во новата сезона ќе игра во Еврокупот или Евролигата.