Во рамките на финалниот турнир од зимската „3х3“ лига, кој се одржа овој викенд во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, како дел од проектот „Her world, Her rules“ се одржа и турнирот во играта „три на три“ за девојчиња во категоријата „Под 15“ години.
Ова беше уште една убава можност кошаркарски надежи да се дружат, да се натпреваруваат, и да видат до каде стигнале во својот кошаркарски развој.
А веќе во текот на утрешниот ден е испланирана и следната акција која е дел од проектот.
Амбасадорите на „Her world, Her rules“, Јелена Антиќ и Јована Петрушевска, ќе бидат во Штип, каде на отворените терени во основното училиште „Димитар Влахов“, во соработка со женскиот кошаркарски клуб „Тим Арена“ од Штип, ќе биде реализиран уште еден дел од планираните активности.