14.02.2023

Нашата делегација, предводена од генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски носи добри вести од Минхен

И другите младински македонски селекции ги добија противниците за ЕП

Освен кадетската репрезентација на Македонија која е единствена наша младинска селекција што настапува во А-дивизија, своите противници за европските првенства денеска ги добија и останатите наши национални селекции.

 

Младинската репрезентација на Македонија ќе игра во Скопје, од 7 до 16 јули, исто така во групата „А“. Противници ќе им бидат селекциите на Чешка, Бугарија, Словачка и Ирска.

Јуниорите ќе играат на Б-шампионатот во португалскиот град Матосињос, од 21 до 30 јули. И тие се во групата „А“, со Велика Британија, Австрија, Исланд и Норвешка.

Во женска конкуренција е пријавена само репрезентацијата до 18 години која ќе учествува на Европското првенство Б-дивизија во Софија, од 30 јуни до 9 јули. Јуниорките се во групата А, со Хрватска, Холандија, Данска и Исланд.