26.08.2022

Во преден план е ставена победата на нашиот тим во Данска, и онаа на Хрватска на гости во Полска

И ФИБА ја потенцира „магијата на Димитријевиќ“

Првото коло од вториот круг на претквалификациите донесе неколку интересни натпревари.
Дефинитивно, за нас во преден план беа случувањата во Арената во Нествед, каде Ненад Димитријевиќ се појави во улога на „меч-винер“, погоди со звукот на сирената, што не остана незабележано и на официјалниот сајт на ФИБА на кој се врти неговата тројка до преку половина терен.

Освен средбата Данска-Македонија, ФИБА го потенцира и дуелот во кој селекцијата на Хрватска со голем пресврт успеа да слави на гостувањето кај Полска (72:69).

Натпревар во која во второто полувреме „се појавија“ НБА ѕвездите во составот на Хрватска. Па на крајот Ивица Зубац комплетираше дабл-дабл од 19.поени и 10.скока, Бојан Богдановиќ имаше 16.поени, 8.скока и 4.асистенции, а Марио Хезоња уште десет поени, вклучително две важни тројки во финишот во кој неговата селекција направи комплетен камбек по лошото прво полувреме и 21 реализиран поен.

На Полска не и помогнаа ниту 26.поени кои дојдоа од Матеуш Понитка, дополнети со по шест скока и асистенции.

Во другиот натпревар од групата „Е“, Швајцарија ја совлада Австрија со (74:64), а Роберт Зин со 14 реализации го предводеше победничкиот состав.

Во групата „Ф“ многу важна победа на гостински терен, оствари Португалија која  лесно излезе на крај во дуелот со Романија (75:59), откако Немиас Куета дојде до двоен ефект од 20.поени и 10.скока, а Рафаел Лисбоа дополни со 17. реализации.

Во Самоков, во натпревар кој го судеше нашиот Зоран Митровски, а во улога на ФИБА делегат беше Владо Цветковски, Бугарија беше многу поуспешна од Кипар (88:55), а централна фигура во Арената „Самоков“ беше Александар Везенков, реализатор на 24.поени.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ - ЕВРОБАСКЕТ 2025

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

ГРУПА „Д“

Данска – Македонија     70:73

Словачка – Норвешка     68:87

ТАБЕЛА

1.Норвешка 1          1          0          87:68 2

2.Македонија        1          1          0          73:70 2

3.Данска      1          0          1          70:73 1

4.Словачка  1          0          1          68:87 1

ИДНО КОЛО (28.АВГУСТ)

19.00: Македонија – Словачка

18.00: Норвешка - Данска

ГРУПА „Е“

Полска – Хрватска            69:72

Швајцарија – Австрија    74:64

ТАБЕЛА

1.Швајцарија         1          1          0          74:64 2

2.Хрватска   1          1          0          72:69 2

3.Полска      1          0          1          69:72 1

4.Австрија   1          0          1          64:74 1

ИДНО КОЛО (28.АВГУСТ)

17.00: Австрија – Полска

20.00: Хрватска - Швајцарија

ГРУПА „Ф“

Бугарија – Кипар   88:55

Романија – Португалија 59:75

ТАБЕЛА

1.Бугарија   1          1          0          88:55 2

2.Португалија        1          1          0          75:59 2

3.Романија 1          0          1          59:75 1

4.Кипар        1          0          1          55:88 1         

ИДНО КОЛО (28.АВГУСТ)

18.00: Бугарија - Романија

18.00: Португалија - Кипар