Последната клупска обврска на Стојановски пред почетокот на подготовките е на 8.февруари, под услов да продолжи со играњето во По Лак Ортез ...
Капитенот на нашиот национален сениорски тим, Војдан Стојановски би требало да биде присутен на првата официјална прозивка која за 13. февруари претходно ја најави новиот селектор, Александар Тодоров.
И покрај згуснатиот распоред кој го има неговиот актуелен клуб, По Лак Ортез, Стојановски ќе има малку време за одмор, но и максимална посветеност кон репрезентативните обврски.
А што вели „редот на возење“ на францускиот прволигаш и Војдан Стојановски?
Според распоредот на натпреварите во ФИБА Лигата на Шампионите, утре вечер По Лак Ортез игра против Бургос, на домашен терен. На 22.јануари францускиот тим игра против Хапоел во Ерусалим, на 28. против Антверпен, додека пак првата групна фаза од ЛШ, По Лак Ортез ја затвора на 5.февруари кога гостува кај Тексут Бандирма во Турција.
Што се донесува пак до оној „домашен дел“, односно распоред на Стојановски и неговата екипа, истиот вели дека прво ги чека тешко гостување во Монако, предвидено за 18. јануари.
Една седмица подоцна, По Лак Ортез е домаќин на Шалон-Ремс. На 1. февруари, Стојановски и другарите ги чека дуелот со Стразбур на домашен паркет, а на 7.февруари на распоредот е 22.коло од ЛНБ лигата и дуелот со Бург-ен-Брес.
Тоа е и последната клупска обврска на капитенот на нашиот сениорски национален тим пред февруарскиот квалификациски циклус и оние средби против селекциите на Естонија на 20, односно на Русија на 23.февруари.
Секако, со претпоставка дали Стојановски ќе го продолжи оној двомесечен договор кој го има со клубот од По, но и навреме ослободен, согласно со правилата на ФИБА.
Засега, Војдан е еден од најдобрите играчи на По Лак Ортез. На четирите одиграни мечеви во ЛНБ лигата, на кои во просек одигра по 27.минути, и реализира по 15.3 поени, 3.5 асистенци и 3.скока по натпревар.
Што е уште поважно, тоа беше доволно за три победи на екипата за која настапува, по кои се дигна неколку места погоре на табелата.
Освен тоа, одигра и два меча во Шампионската лига на ФИБА во кои за 23.4 минути на теренот, има просечни 7.5 поени и 4.скока по меч.