Пи настапите на кошаркарскиот турнир на ЕМОФ, машката кадетска селекција на Македонија вечерва во СРЦ „Кале“ имаше резултатски успешна проверка, односно во дуелот со своите колеги од Швајцарија, стигна до победа, со резултат (68:59).
Нашата кадетска репрезентација имаше постојана предност, на истекот на првата четвртина изнесуваше три поени (18:15), но до полувремето, позитивата „порасна“ на 11.поени (37:26).
Гостите беа за нијанса подобри во третиот дел од играта, во кој разликаат ја сведоа на едноцифрена. По три одиграни четрвртини на семафорот стоеше резултат (55:48) во корист на домашната репрезентација.
Младите Швајцарци намалија и на само пет поени негатива (54:59), во средина на последниот период. Но нашите кадети не дозволија нешто повеќе од тоа, и стигнаа до заслужениот успех.
Капитенот Гиноски и Чучанов постигнаа по 12.поени, двоен број на поени, вкупно 10, во нашата селекција „Под 16“ имаше и Илиев.