Македонската машка селекција „Под 20“ години запиша победа на првиот од двата планирани натпревари на гостувањето во Софија. Избраниот тим на селекторот Никола Василев славеше победа над соодветната селекција на Бугарија со резултат (66:54).
По израмнетата прва четвртина (16:16), нашите млади кошаркари одиграа уште подобро во втората во која и ја направија решавачката предност на оваа проверка во бугарската престолнина. На противникот му дадовме да реализира само 12, ние дадовме 25, за двоцифрена предност на полувремето (41:28).
Во продолжението на играта продолживме во исто темпо. На стекот на третиот дел од мепот во софиска „тријадица“, имавме уште поубедливи (60:36). Опуштањето во последниот период, односно шанса да добијат сите играли го чинеше нашиот состав „Под 20“ да ја заврши оваа контролна средба со пониска разлика од онаа која реално требаше да биде.
Амар Хот со 17. реализации го предводеше нашиот младински состав до триумфот во кој двоен број на поени – 10, имаше и Миловановиќ.
Двете селекции ќе одиграат уште еден меч, утре изутрина, по што нашата млада репрезентација се враќа во Скопје, каде ќе продолжи со подготовките.