На својата 169. Седница, Владата донесе одлука, КФСМ да ја добие на трајно користење големата сала во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, додека пак спортските сали во Карпош, Кисела Вода, Радовиш и Куманово им се враќаат на општините и граѓаните...
Сега е и официјално потврдено, и тоа од највисокото место Владата на РСМ. Нашата федерација се стекна со трајно право на користење на еден од најпознатите спортски објекти во главниот град, синоним за спорт, големата сала во СРЦ „Кале“.
Во одлуката на Владата на РСМ, меѓу другото се вели:
„На оваа седница на Владата и формално е потврдена одлуката за давање на трајно користење на популарната спортска сала „Кале“ која после многу години ѝ се враќа на Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија“.
Ова е само „печат“ на претходниот договор по кој нашата федерација и дефинитивно ќе има многу подобри инфраструктурни услови за функционирање. Пред се во оној репрезентативен сегмент, и секако во реализацијата на сите планирани активности „долу на теренот“, односно оној практичен дел.