Нашата федерација доби нов важен проект каде ќе има важна улога и тоа како координатор.
Во овој проект сме вклучени заедно со партнерствата од Словенија, Србија, Италија и Шпанија.
Официјално започна откако изминатите денови во Гихон, Шпанија, го одржавме првиот координативен состанок на новиот Еразмус+ проект – I RECOVER!
Овој проект ќе се спроведува во следните две години.
Нашата работа ќе биде насочена кон:
- Истражување на најдобрите практики за стратегии за заздравување по спортски повреди
- Креирање практично упатство за надминување на спортски повреди
- Развој на иновативна мобилна апликација – која ќе понуди практични совети за подобрување на процесот на заздравување!
Оваа апликација ќе биде достапна за спортисти, тренери и спортски работници, со цел да се подобри целокупното здравје на спортистите.

