06.12.2020

Репрезентативното крило ги одигра првите минути откако ја „победи“ короната...

И Стојан Ѓуроски се врати на теренот

По Ненад Димитријевиќ, чувството за играње на кошарка на шпанско тло, одново го почувствува уште еден македонски репрезент.

По нешто подолга пауза, прво поради административни проблеми, а потоа и поради корона вирусот, присутен во неговото тело, Стојан Ѓуроски ги одигра своите први минути во дресот на ХЛА Аликанте.

Очекувано, не беа многу на број, во дуелот со одличниот состав на Ковиран Гранада. Натпревар со „мал број“ на поени, и дерби на групата „Б“ во втората шпанска дивизија, кој на крајот го добија гостите со резултат (70:67).

Неговите две тројки, во финишот на третата четвртина ја вратија домашната екипа од високата негатива, која остана во игра за победа, и сочувување на првата позиција на табелата. 

За 14:03 минути, репрезентативното крило дојде до ефект од осум поени (1/1 за два и 2/5 во шутот за три поени. Имаше и три скока. една асистенција и освоена топка, за тоа време поминато во игра.

Ова е прв пораз за екипата од Аликанте која по седум одиграни кола во „Б“ групата од Леб Оро лигата на Шпанија, има ефект (6-1) ист како и нивниот вечерашен противник.