11.08.2022

Нема одмор за високиот млад центар, по мала пауза и настапите за јуниорската, продолжува како дел од сениорската селекција

И Теодор Симиќ од денеска во Маврово

Теодор Симиќ од денеска е дел до сениорската национална селекција. По настапите на јуниорскиот Евробаскет во Турција, најмладиот репрезентативец му се стави на располагање на новиот селектор Александар Јончевски на подготовките кои пред неколку дена стартуваа во Маврово.

Треба да ја зајакне центарската линија во нашата сениорска селекција која го одработува четвртиот ден од подготовките за она што следува во наредниот период.

Двата натпревари од вторито круг од претквалификациите за Евробаскетот 2025 година. Прво на 25 август против Данска во Нествед, а три дена подоцна, 28.август, и мечот против Словачка кој го играме на домашен терен, во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Во Маврово од вчера веќе е и Андреј Јакимовски, па селекторот Јончевски ќе го очекува само уште доаѓањето на Ненад Димитријевиќ, кој побара и доби одреден временски простор во кој треба да „се пресели“ од Валенсија во Казан, каде, како играч на Уникс ќе настапува во наредната натпреварувачка сезона, како и на Кристијан Николов, кој има обврски кон новиот клуб - Коња.

Нашите најдобри кошаркари на нашата планинска убавица ќе бидат до крајот на оваа седмица. Веќе во понеделник следува патување до Бар, каде ден подоцна, на 16. август е предвидена првата и единствена контролна средба во вој подготвителен период, против селекцијата на Црна Гора која ќе се игра во салата „Тополица“.