03.12.2020

„Кугарс“ славеа на гостински терен во Орегон (59:55)

И трета по ред победа за Јакимовски и Вашингтон Стејт

Екипата на Вашингтон Стејт има навистина успешен старт во натпреварите од новото издание на НЦАА лигата.

Тимот за кој од оваа сезона настапува и нашиот млад репрезентативец, Андреј Јакимовски, ја забележа и третата по ред, победа во шампионатот.

Уште еднаш, со голем пресврт, направен во второто полувреме, а со кој „Кугарс“ го совлада Орегон Стејт со резултат (59:55).

На оваа средба во Орегон, Јакимовски доби само десет минути во кои реализираше само еден скок.