Барем за оние две селекции кои поради проблеми со корона вирусот, не беа во можност да ги играат своите мечеви во оној ноемвриски „прозорец“ нa ФИБА.
Освен дуелот во Перм, каде од 15.30 часот нашата најдобра селекција ќе води битка со селекцијата на Италија (пренос на Спорт Клуб 1 ХД), денеска ќе се одигра уште еден одложен меч.
Во „Палатата на спортот“ во Киев, каде се игра „балонот“ од групата „Ф“, ќе се сретнат селекциите на Словенија и Унгарија.
Другите натпревари од првиот круг, се играат утре во неколку „балони“ кои ги одреди ФИБА.
Инаку дуелот со селекцијата на Италија во „Молот“ Арената во Перм, ќе го судат Томас Јасевичиус (Литванија), Јенер Јилмаз (Турција) и Александре Деман (Франција).
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
18. ФЕВРУАРИ
ГРУПА Б
15.30: Италија – МАКЕДОНИЈА
ГРУПА Ф
20.00: Словенија – Унгарија
19. ФЕВРУАРИ
12.30: Италија – Естонија (група Б)
13.00: Финска – Швајцарија (група Е)
15.30: МАКЕДОНИЈА – Русија (група Б)
16.00: Грузија – Србија (група Е)
17.30: Романија – Израел (група А)
18.15: Австрија – Унгарија (група Ф)
20.30: Полска – Шпанија (група А)
* Натпреварите од евро-квалификациите во февруарскиот „прозорец“ на ФИБА може да се следат на следните МЕДИУМИ