17.07.2020

Серж Кревекер кој дојде на местото на Ерик Бартечеки, доби нов двегодишен договор со клубот од Данкерк

И во следната сезона на Гравелин, Војдан Стојановски ќе работи со Кревекер

Продолжува периодот на потписи во Гравелин Данкерк.

Откако пред извесно време Војдан Стојановски ја потврди верноста кон овој француски прволигаш, на ред дојде и продолжување на соработката со шефот на стручниот штаб.

„Портокаловите“ од Данкерк беа задоволни со работата која ја реализираше Серж Кревекер во тој период, и му побудија нов, двегодишен договор.

Овој 48. годишен белгиски тренер во Франција доаѓа како поранешен предводник на белгискиот прволигаш Брисел со кого ја прекина соработката на крајот од јануари.

На првото тренерско место го наследи Ерик Бартечеки, и за кратко време направи неколку победи во ПРО А лигата на Франција кои го усмерија Гравелин кон безбедната зона.

А во Гравелин веќе го имаат календарот за наредните активности. Вели дека првиот меч во претсезоната, Војдан Стојановски и соиграчите (ако ситуацијата со пандемијата предизвикана од коронавирусот го дозволи тоа) ќе го одиграат веќе на 23. август.

Прв противник во серијата од шест контролни средби им е најдобриот белгиски тим – Остенде.