Веројатно е и помалку очекувано. Една од најкошаркарските земји во Европа и во светот – Литванија, ќе доживее сериозен удар.
Поради нагло зголемен број на заразени лица од Ковид-19 во последниот период, властите во оваа балтичка земја донесоа нови, посебни безбедносни мерки кои велат, сите спортски настани да се одвиваат без присуство на гледачи.
Одлуката стапува на сила на 30. октомври, и дефинитивно ќе има директно влијание во работата на најголемиот кошаркарски клуб на тие простори- Жалгирис, секако и останатите.
Особено ако се земе предвид дека нивниот следен натпревар од Евролигата е на 6. ноември, кога во Каунас доаѓа Реал Мадрид.
„Жалгирио“ Арената беше една од ретките во која оваа сезона во Евролигата можеше да се забележи значителен број на навивачи, во просек по 5.000 на натпревар.
Претходно, слични беа одлуките во Италија и во Русија, каде исто така поради ескалацијата на вирусот, беше „ставен клуч“ на арените во кои се игра кошарка.