ФОТО (Димитар Петковски): Никола Малешевиќ на средбата Пелистер-Еуро Никел 2005
По втор пат во рок од три дена, Никола Малешевиќ потврди дека е еден до најкорисните играчи во нашата Прва лига.
Крилото на Пелистер уште еднаш имаше најдобра индивидуална изведба, ако се земе в предвид бројот на индексни поени, како мерило за тоа.
На средбата против Еуро Никел 2005, која „зелено-белите“ ја загубија (по три продолженија) со (116:122), Малешевиќ дојде до ефект од 30.поени (8/14 од поле и 11/13 од линијата за слободни фрлања), десет асистенции, и му недостасуваа само два скока за трипл-дабл учинок.
За 54:19 минути додаде и три освоени, но и седум загубени топки.
Зад неговиот, е ефектот на Диксон Дикембе. Играчот на Вардар имаше феноменално прво полувреме во кое ги постигна сите 26.поени (11/13 од поле, 4/4 за три поени), кои ги дополни со девет скока, две додавања, една освоена и три загубени топки за 38:38 минути во игра.
ФОТО (Димитар Петковски): Дарко Соколов на средбата со Пелистер
Уште едно одлично издание на Дарко Соколов. Еден од хероите на Еуро Никел 2005 во дуелот со Пелистер. Екс репрезентативецот дојде до индекс-32 откако на маратонот во Битола, имаше 19.поени (8/9 во обидите за два поени), девет скока, шест асистенции, три освоени и две загубени топки за 44:54 минути на теренот.
Четврттиот најдобар ефект во овој 18.круг од натпреварите во елитната конкуренција (не е вклучен одложениот меч помеѓу екипите на Црн Дрим Грин Мобиле и Куманово 2009), е оној на Никола Станојевиќ.
Крилниот центар на Кожув има индекс-30 на средбата со Академија ФМП, која неговиот тим го загуби. За 34:42 минути дојде до дабл-дабл од 26.поени и 12.скока, но го расипа крајниот впечаток со шестте загубени топки.
ФОТО (Димитар Петковски): Игор Кесар на средбата Пелистер-Еуро Никел 2005
Идеалните пет се закружуваат со изданието на уште еден играч на Пелистер, Игор Кесар, кој собра 29.индексни поени на средбата со Еуро Никел 2005. Стартерот на битолчани имаше учинок од 33.поени (14/19 од игра и 11/13 од линијата за слободни фрлања), плус и седум скока, една асистенција, и три загубени топки за 55.минути на теренот.
ИДЕАЛНА ПЕТОРКА НА 1.КОЛО
(според индекс поени)
Никола Малешевиќ (Пелистер) индекс-36
Диксон Дикембе (Вардар) индекс-35
Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) индекс-32
Никола Станојевиќ (Кожув) индекс-30
Игор Кесар (Пелистер) индекс-29
ВТОРА ПЕТОРКА
(според индекс поени)
Хасани Гравет (МЗТ Скопје А) индекс-27
Роберт Рикиќ (Еуро Никел 2005) индекс-26
Амир Смит (ТФТ) индекс-24
Џордан Калахан (Пелистер) индекс-23
Данило Мијатовиќ (Еуро Никел 2005) индекс-22