Третото коло од втората натпреварувачка прволигашка фаза донесе доста добри индивидуални постигнувања. А во преден план се издвоија оние на неколку наши искусни кошаркари.
Во прв ред Бојан Трајковски и Дарко Соколов, макар што ако се бројат индексните поени, најмногу, 32, реализираше Намбди Оконкво од екипата на Кожув.
Високиот кошаркар од гевгелискиот прволигаш во победата над МЗТ Скопје Уни Банка реализираше дабл-дабл од 16.поени (шут од игра 8/10), 14. скока, на кои придодаде и четири асистенции и една освоена топка.
Еден Бојан Трајковски беше премалку за екипата на Феникс 2010 уште еднаш го изненади актуелниот бранител на титулата. Искусното крило реализираше 25.поени (4/9 за три и 5/9 за два поени, и 3/3 од линијата за слободни фрлања. Плус и 17. скока (сите дефанзивни), како и три асистенции. Да не беа шестте загубени топки, ќе имаше повеќе од оние важечки 30. индексни поени.
Дарко Соколов беше еден од тројцата играчи на Еуро Никел 2005 кои донесоа успех во средбата против екипата на ТФТ.
Искусниот бек дојде до 29. индексни поени откако на овој меч реализираше 21.поен со висока реализација во шутот од поле (3/3 за три, и 3/6 за два поени), како и 6/7 од линијата за слободни фрлања. На сето тоа, за нецели 27.минути во игра, екс-репрезентативецот придодаде уште и осум скока, пет асистенции, една блокада и само една загубена топка.
Душан Јузбашиќ уште еднаш потврди дека е големо засилување за екипата на Куманово 2009 во битките за опстанок во друштвото на најдобрите. Така беше и на средбата со Навико Академија ФМП на која имаше едно навистина неверојатно потигнување.
За 35:33 минути реализираше 24.поени, но имаше и ретки, за наши услови, 22 скока од кои десет беа офанзивни! Освен тоа за оној индекс-29 дополни и со три освоени топки, две асистенции, една блокада, но и четири загубени топки.
Обрад Томиќ беше вториот „фактор за успех“ на Еуро Никел 2005 во ова коло од Суперлигата. Помалку незабележително, дојде до двоен ефект изразен преку 14.поени (со 70% на успешност во шутот за два поени), десет скока и пет асистенции. Имаше и по едно додавање, блокада и загубена топка во победата против ТФТ.
ПРВА ПЕТОРКА
Намбди Оконкво (Кожув) 32
Бојан Трајковски (Феникс 2010) 31
Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) 29
Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 29
Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005) 27
ВТОРА ПЕТОРКА
Никола Силаџи (Гостивар) 25
Леонид Тодоровски (Навико Академија ФМП) 25
Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) 24
Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009) 24
Илија Колев (Кожув) 24
*Петорките се формирани врз основ на бројот на индексните поени на играчите