03.05.2022

Бекот на Кожув стигна до неверојатни 50. индексни поени на средбата со Навико Академија ФМП

ИДЕАЛНА ПЕТОРКА НА 4. КОЛО СУПЕРЛИГА/ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА-МАЖИ: Феноменално издание на Тач Унрух

Четврттото коло од втората натпреварувачка прволигашка фаза донесе неколку навистина одлични индивидуални постигнувања. А во преден план се издвоија неколку...

Пред се, неверојатно добра игра прикажа бекот на гевгелиски Кожув – Тач Унрух.

На средбата против Навико Академија ФМП во Скопје која им припадна на гевгеличани, Унрух стигна до 50 индексни поени. „Преведено“ во други бројки, реализираше за него рекордни 45.поени. Шутираше подобро за три (8/11) отколку за два поени (6/11), а ги погоди и сите 11. слободни фрлања.

На сето тоа прододаде и 11.скока, имаше и две асистенции, и ниту една загубена топка за сите 40.минути кои ги помина во игра!!!

Ништо „полош“ не е ниту ефектот на Деон Едвин. Играчот на Работнички дојде до индекс 44 на средбата против Куманово. Постигна 32.поени (2/6 за три, 10/14 за два поени, и 6/6 од линијата за слободни фрлања). Имаше и навистина ретки, за наши прилики, 13 асистенции, плус четири скока, пет освоени и само две загубени топки за 34:49 минути на теренот.

Својот стандард, макар сега во друга боја на дресот, онаа црно-белата на ТФТ, го држи и Двејн Морган. Силното американско крило запиша висок дабл-дабл ефект. Изразен преку реализација на 18.поени (6/9 за два и 6/8 за еден поен) и 16. скока (три офанзивни), како и пет освоени топки, четири асистенции, две загубени топки и една блокада за 32:59 минути во игра.

Сето тоа за индекс-36!

Стандардно добро и во оваа сезона игра Игор Кесар. Силното крило имаше уште една одлична партија во дресот на Пелистер. На средбата против Еуро Никел 2005, која лидерот ја реши во своја корист, Кесар реализираше 23.поени, осум скока и шест додавања до соиграчите за вкупен индекс 32.

Нијанси одлучија дека петорката ќе биде комплетирана со 27. индексни поени кои ги оствари Грифин Раме. За 36:28 минути на паркетот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, бекот на Ангели постигна 28.поени (2/2 за три, 9/16 за два и 4/7 за еден поен). Додаде и по шест скока и исто толку асистенции, имаше и една блокада и четири загубени топки.  

ПРВА ПЕТОРКА

Тач Унрух (Кожув) 50

Деон Едвин (Работнички)         44

Двејн Морган (Феникс 2010)   36

Игор Кесар (Пелистер)   32

Грифин Раме (Ангели)    27

ВТОРА ПЕТОРКА

Максим Митевски (МЗТ Скоје Уни Банка)  26

Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009)     23

Душан Јузбашиќ (Куманово 2009)     23

Стефан Балмазовиќ (Работнички)     21

Бри Ајви (МЗТ Скопје Аеродром)       19