06.05.2022

Крилото на Феникс 2010 покажа како се бранат боите на клубот за кој играш...

ИДЕАЛНА ПЕТОРКА НА 5. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА: Михајлоски беше изненадувањето за кавадарчани

ФОТО: Не престануваат со изненадувањата и во Суперлигата - Павле Михајлоски на средбата со Еуро Никел 2005

Го нема Бојан Трајковски, нема проблем, тука е Павле Михајлоски!

Силното крило на Феникс 2010 е најзаслужниот за уште едно ново изненадување кое го направи новакот во суперлигашкото друштво.

На средбата против Еуро Никел 2005, која ја добија со сигурни (76:67), Михајлоски дојде до одлично индивидуално остварување.

За 38:33 минути во игра, постигна 28.поени, со одличен процент на реализација, пред се во шутот за два поени (10/14). Погоди и две тројки од осум обиди и два пенали (од три обиди). На тоа додаде и шест скока и три асистенции, исто толку загубени топки, како и по две блокади и освоени топки за индекс-26.

Иста бројка на корисност, има и кошаркарот на ТФТ, Амир Смит. На гостувањето во Гостивар крилото на екипата од Тафталиџе за 26.минути во игра, постигна 20.поени (9/10 за два и 2/3 за еден поен), имаше и седум скока, две асистенции и само една загубена топка.

Немања Милошевиќ пак беше еден од творците на победата на МЗТ Скопје Аеродром против Пелистер, која го донесе шампионот на делба на првата позиција.

Се избори за индекс 20, и тоа преку реализација на 17.поени )2/4 за три, 5/8 за два и 1/2 за еден поен), девет скока, две асистенции и две загубени топки за нецели 20.минути поминати на теренот.

Ист број на индексни поени има и Ивица Димчевски. Некогашниот репрезентативец, сега играч на Еуро Никел 2005, реализираше 16.поени (4/6 за три и 1/2 за два, и 2/2 за еден поен), имаше и четири украдени топки и три скока за 26:37 минути во игра.

Добра игра против екипата од Кавадарци прикажа Виктор Ефремовски. Актуелниот репрезентативец погоди четири тројки (од шест обиди), реализираше уште еднаш од игра и од линијата за слободни фрлања. Се заедно за 15 поени, плус пет скока, две асистенции, исто толку загубени и една освоена топка за 29:38 минути на теренот во салата „Младост“ во Гостивар.  

ПРВА ПЕТОРКА

Павле Михајлоски (Феникс 2010)      26

Амир Смит (ТФТ)   26

Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А) 20

Ивица Димчевски (Еуро Никел 2005)           20

Виктор Ефремовски (Гостивар)           19

ВТОРА ПЕТОРКА

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје А)          19

Андреј Митревски (Феникс 2010)      18

Хуан Дејвис (МЗТ Скопје А)      17

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    17

Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје А)   16

*Петорките се формираат според бројот на индексни поени