23.11.2021

Имаше 23.поени, а освен тоа, дополни и по 11.асистенции и исто толку скокови...

ИДЕАЛНА ПЕТОРКА НА 8. КОЛО: Ворку е првиот странец со „трипл-дабл“ ефект!

Ејасу Ворку е веројатно и најстандардниот играч во лигата во овие осум кола. А во последното, играчот на Гостивар дојде до едни, би се рекло и историски бројки, индивидуални, се разбира.

Ворку беше најдобар поединец на Гостивар на средбата со МЗТ Скпје Аеродром, но неговиот краен ефект, за жал по гостиварци, не беше доволна за победа на гостувањето во СЦ „Јане Сандански“.

Оствари трипл-дабл ефект, прв за еден странски кошаркар во македонската клупска кошарка. Имаше 23.поени, а освен тоа, дополни и по 11.асистенции, исто толку скокови. Имаше и четири освоени и една загубена топка, со кои собра 38.индексни поени!

Бекот на Феникс 2010, Куртис Џонс дојде до 33 индексни поени откако на средбата со ТФТ (победа од 90:85), реализираше 30.поени (11/19 шут од поле и 5/8 од линијата за слободни флања), како и осум скока, четири асистенции, три освоени и две загубени топки за 36:42 минути во игра.

Бранислав Ѓекиќ потсети уште еднаш дека е квалитетен кошаркар, кој како по некое „непишано правило“ работи за колективот, во овој случај, Еуро Никел 2005. Високото крило на кавадаречкиот прволигаш даде 21.поен (4/5 за три и за два поени), имаше и девет скока две асистенции, четири освоени и три загубени топки за 34?47 минути во игра.

Кирил Николовски продолжува со репрезентативната форма. Силното крило на нашиот национален тим, против МЗТ Скопје Уни Банка дојде до индекс-30. Преку реализација на 26.поени (4/4 за три, 5/7 за два и 4/4 за еден поен), како и седум скока и една блокада за 31:43 минути на теренот во салата „26.април“ во Гевгелија.

ТФТ го загуби дуелот со Феникс 2010, но Амир Смит најави враќање во својата препознатлива форма и игри. Првиот скокач на „црно-белите“ имаше 28. индексни поени на средбата со Феникс 2010.

Освен стандардна двоцифрена бројка кај скоковите – 12, имаше и 16. реализирани поени (4/7 за два, и 8/8 за еден поен) и три блокади.

ПРВА ПЕТОРКА

Ејасу Ворку (Гостивар)    38

Куртис Џонс (Феникс 2010)      33

Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) 32

Кирил Николовски (Кожув)      30

Амир Смит (ТФТ)   28

ВТОРА ПЕТОРКА

Исаја Мандерсон (Ангели)

Недим Мустафица (Работнички)

Дастин Вер (МЗТ Скопје Аеродром)

Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)    24

Чаз Вилијамс (Кожув)     24