Промената во распоредот донесе и извесни измени во формирањето на идеалните петорки во Суперлигата односно во Плеј-аутот. Односно одвојување на индивидуалните ефекти со оглед на тоа дека суперлигашите имаат одиграно по еден натпревар повеќе.
Оттука идеалните петорки ќе ги сметаме одвоено, барем во наредниот период додека двете групи не се изедначат.
Интересно, во овој круг од натпреварите во главните улоги беа високите, односно играчите на центарските позиции.
Роберт Рикиќ и Немања Милошевиќ ги искористија сите свои предности во дуелот со ТФТ. Највисокиот играч во Првата лига реализираше 25.индексни поени. За 22. минути во игра, уфрли 21.поен (7/19 шутот од игра), плус и седум скока, и по една освоена односно загубена топка.
Милошевиќ пак за 18. минути постигна исто толку поени, дополнети со шест скока, две освоени топки, и една блокада.
Свои минути во дуелот со Феникс 2010 имаше и Љубомир Младеновски. Поранешниот репрезентативец запиша 24 индексни поени откак освен осум поени, направи и 15 скока (2 офанзивни), но имаше рекордни шест блокади за 26:23 минути во игра.
ФОТО: Леонид Тодоровски (Навико Академија ФМП) имаше одлично издание
Во плеј-аут конкуренцијата доминира ефектот на Леонид Тодоровски. Потенцијалниот репрезентативец од редовите на Навико Акадмеија ФМП оствари индекс 35 во натпреварот против Работнички.
За нецели 39.минути, реализираше 32. поени (13/16 за два, 1/2 за три, и 3/4 за еден поен), имаше и четири скока, две додавања, три освоени и една загубена топка.
Следува „трилингот“ на Куманово 2009, Зивчевиќ, Јузбашиќ и Марјановиќ, а во „идеалните пет“ за петото коло од Плеј-аутот, се најде место и за Стефан Балмазовиќ од Работнички.
ПЕТОРКА НА 6. КОЛО - СУПЕРЛИГА
Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 25
Љубомир Младеновски (Пелистер) 24
Александар Костоски (ТФТ) 22
Стојан Ѓуроски (Пелистер) 21
Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 21
ПЕТОРКА НА 5. КОЛО - ПЛЕЈ-АУТ
Леонид Тодоровски (Навико Академија ФМП) 35
Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009) 29
Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 28
Стефан Балмазовиќ (Работнички) 28
Андрија Марјановиќ (Куманово 2009) 25
*Петорките се формирани според бројот на индексни поени