ФОТО: Никола Малешевиќ имаше одлични бројки на гостувањето кај ТФТ, без краен ефект
Суперлигашите го одработија седмото, а екипите од Плеј-аут конкуренцијата шестото. Во овој круг од натпреварите се случи и промена на табелата, на онаа прва позиција, на која сега се кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром. Искористија нова слабост на Пелистер кој загуби уште еден суперлигашки дуел, сега и на гостувањето кај ТФТ во „Кале“.
Сепак, нивниот играч, Никола Малешевиќ има најдобар индивидуален ефект во седмиот круг од натпреварите.
Против ТФТ крилото на Пелистер дојде до 31 индексен поен. Реализираше 29.поени (3/6 за три, 8/13 за два и 4/6 за еден поен), како и осум скока, четири асистенции, една освоена и една загубена топка за 35:28 минути на теренот.
Немања Милошевиќ продолжи со добри игри, така беше и на средбата со Еуро Никел 2005 во Кавадарци. Снажниот Црногорец постигна 18. поени (4/4 за три, 2/5 за два и 2/2 за еден поен), плус седум скока, пет додавања, две загубени и една освоена топка за само 21:47 мнути во игра.
Павле Михајлоски од Феникс 2010 и Игор Кесар (Пелистер) имаат по 25 индексни поени, доволно да бидат дел од идеалните пет во кои се најде и место за „небесниот скокач“ од ТФТ, Амир Смит кој има еден поен помалку.
Во Плеј-аут лигата, највредно индивидуално постигнување има Стефан Балмазовиќ. Во еден „ревијален натпревар“ против МЗТ Скопје Уни Банка, не му посмета да постигне 30.поени (5.10 за три 6/10 за два и 3/3 за еден поен), да има дури 15.скока, плус и три успешни додавања до соиграчите – за индекс 39!
ПРВА ПЕТОРКА – СУПЕРЛИГА
Никола Малешевиќ (Пелистер) 31
Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 26
Павле Михајлоски (Феникс 2010) 25
Игор Кесар (Пелистер) 25
Амир Смит (ТФТ) 24
ПРВА ПЕТОРКА – ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА
Стефан Балмазовиќ (Работнички) 39
Дамјан Крстевски (Ангели) 27
Петар Николиќ (Куманово 2009) 24
Декардо Деј (Кожув) 23
Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП) 23
*Петорките се формирани според бројот на индексни поени