16.05.2019 Третпат за тековната натпреварувачка сезона (2018/2019) во Супер Лигата Игор Кесар го добива признанието за најкорисен играч на коло. Кошаркарот на Кожув помина нешто помалку од 35 минути на паркетот, време за кое оствари 36 индекс поени за ефикасност поради што е прогласен за играч на колото. Тој запиша дабл-дабл ефект зад своето име од 19 поена, 14 скока и 7 асистенции. Неговиот Кожув во градското дерби против Блокотехна запиша пораз од 84-93. Во останатите натпревари од осмото коло во Супер лигата Работнички убедливо триумфира против Гостивар со 99-70 додека МЗТ Скопје Аеродром го испрати Куманово дома со пораз од 92-57. Во рамки на Плејаут лигата, Пелистер славеше кај Шкупи со 89-93, а Фени Индустри триумфира кај Вардар со 58-73.