13.05.2019 Колку минути поминати на паркет толку индекс поени на ефикасност има играчот на седмото коло од Супер лигата – Игор Кесар. Тој вторпат се закитува со ова признание, по петтото коло. За 36 минути поминати на паркетот, кошаркарот на Кожув запиша 25 поена, 13 скока и 2 асистенции. Неговиот Кожув загуби во тесен натпревар од актуелниот шампион Работнички со 79-85. Во останатите натпревари од седмото коло Гостивар триумфира кај Куманово со 81-88 додека МЗТ Скопје Аеродром славеше против Блокотехна со 75-90. Во рамки на Плејаут лигата, Фени Индустри славеше против Шкупи со 87-99, Пелистер го совлада АВ Охрид со 87-73.