Од денеска, па во наредните два дена, Тел Авив ќе биде домаќин на финалниот турнир од ФИБА Еврокупот. Еден од најискусните арбитри под наше поднебје, Игор Митровски, ќе биде нашиот претставник откако ја прифати номинацијата да биде дел од вкупно девет судии кои ќе ја делат правдата на овој турнир.
За Игор Митровски ова е вкупно трет Фајнл фор во FIBA Europe и заедно со колегите Мартин Хорозов (Бугарија), Луис Ларока (Шпанија), Танел Суслов (Естонија), Томас Бисуел (Франција), Пауло Маркес (Португалија), Борис Крејич (Словенија), Зденко Томасович (Словачка) и Керем Баки од Турција, ќе се потрудат да го дадат својот максимум и максимално коректно да ја завршат оваа сезона полна со предизвици заради светската пандемија.
Фајнл Фор турнирот ќе се одржи од денеска до недела (25. април, 2021 година) во Тел Авив – Израел, а учествуваат Аргед БМСЛАМ Стал (Полска), БЦ Парма (Русија), ЦСМ ЦСУ Орадеа (Романија), Ирони Несс Зиона (Израел).
Повеќе информации за македонските арбитри се достапни на веб-страницата на Судиската Комисија при КФСМ.