29.12.2023

НАЈДОБАР СУДИЈА ЗА 2023 ГОДИНА

ИГОР МИТРОВСКИ: „Мора да го покажеме и нашиот ‘лидершип’ за да привлечеме уште повеќе квалитетни луѓе во кошарката“

Најангажираниот македонски судија кој постојано, на дело, покажува за каков арбитар, но и човек се работи.

Веќе го освојуваше признанието за судија на годината, но со својот квалитет, демонстрира дека сето тоа било заслужено.

„Добра вечер на сите. Ние најчесто имаме свирче во устата и не можеме да се искажеме на теренот, и ќе ви одземам само триесетина секунди. Благодарност до федерацијата која навистина успеа да направи една позитивна атмосфера и навистина уживам во овој настан. Навистина е чест да се добие оваа награда, заедно со овие 19 други наградени, кошаркари, екипи и тренери. Наша задача е да го задржиме ова ниво кое што го имаме добивајќи ја оваа награда. А сепак мора да го покажеме и нашиот ‘лидершип’ за да привлечеме уште повеќе квалитетни луѓе во кошарката, дали се тоа тренери, кошаркари или кошаркарски судии и со самото тоа да го подигнеме и нивото на кошарката“ -  посака најдобриот судија за 2023 година.