Уште еден голем чекор кон завршетокот на европската сезома. Како што сега стојат работите, навистина се мали шансите кошаркарската топка повторно да биде потфрлена, макар до почетокот на есента.
Денеска е одржана видео седница на која учествуваа челниците на Евролигата и 36.кошаркари, по два од сите 18 клубови кои се дел од елитното натпреварување. Тема беше прекинатата сезона во Евролигата.
А после состанокот, се поизвесно станува дека таа нема да биде и доиграна.
Стравот од вирусот корона и понатаму е присутен, и кошаркарите не сакаат ништо да ризикуваат, особено што нивниот спорт се игра во сала, и контактите во текот на играта се константни.
Затоа поголем делод нив смета дека сезоната треба да се прогласи како готова, и да се фокусираат на подоготовки за наредната, кога пандемијата ќе одмине.
Покрај тоа, кошаркарите објаснија дека постои и преголем ризик од повреди, затоа што беа без тренинзи повеќе од два месеци, а забрзаните подготовки за натпреварувањето да биде довршено, би биле и повеќе од ризични за нивното здравје.
Играчите го кажаа своето, останува уште Бордот на Евролигата кој го има последниот збор.