27.02.2022 Селекторот на Грузија имаше порака до светот: „Важно е луѓето да разберат дека не е во ред во 2022 година да имаме војни“ Задоволен беше селекторот на Грузија по победата и во Скопје (79:65) над Македонија. Втора во рок од четири дена со којА го потврдија пласманот во следната фаза од светските квалификации: „Сакам да им честитам на моите играчи и на моите стручни соработници за исполнување на нашата цел односно пласирање понатаму во наредната рунда од квалификациите за Светското првенство. Со трите победи ја ‘завршивме нашата работа’. Игравме многу добра одбрана на нивните шутеви од далечина што беше нашиот ас во ракавот, клучна одлука за нашата победа вечер. Не бевме сконцентрирани како што треба на нападот. Важно е дека победивме, а сега мораме да ги поправиме и тие недостатоци.Сега во денешната кошарка тешко е да се прават планови однапред. Со корона вирусот знаевме дека сите имаат проблеми со ростерот вклучувајќи го и нашиот тим кој претрпе промени поради играчи кои играа во претходниот прозорец. Мораме да им се благодарни и на играчите кои помогнаа во овој прозорец, но верувам дека имавме многу добра тактика во пресрет на натпреварот. Оваа победа им ја посветуваме на нашите фанови во Грузија кои не поддржуваа на секој чекор до овие победи. Уште една работа на која сакаме да обрнеме внимание, а тоа е да запре војната во светот. Важно е да разберат луѓето дека не е во ред во 2022 година да имаме војни“. Тадиус Мек Фејден одново беше најдобриот поединец во составот нс Грузија: „Играме кошарка, но има и поважни работи кои се случуваат околу нас. Важно е да престанат да се одземаат невини животи. За натпреварот, игравме солидно во поголемиот дел. Не игравме најдобро како што знаеме, но беше доволно и покрај тоа што противникот буквално излезе на терен и ‘ни мавна шлаканица во носот’. Квалитетот е неспорен, но ние дојдовме и се измачивме за да дојдеме до победа, знаевме дека ќе мораме да се бориме“ – изјави сјајниот Американец со грузиска патна исправа.