26.05.2025

Донесена е одлука за именување на селектори во националните селекции пред кои се обврски за настап на младинските ЕП

Именувани селекторите на младинските репрезентации

На состанок на Управниот одбор на КФСМ, одржан на ден 22.мај.2025 година, донесена е одлука за именување на селектори во младински репрезентации пред кои следуваат обврски во текот на 2025 година.

Со одлуката на УО на КФСМ, за селектор на М16 женска репрезентација која ќе земе учество на ЕП од Дивизијата „Б“ во Турција, именуван е Оливер Стојмановиќ.

Покрај тоа, во оној женски репрезентативен сегмент, за селектор на М18 репрезентација, која ќе учествува на  ЕП од Дивизијата „Б“ во Литванија, е избран Виктор Петровски.

Селектор на М16 машката национална селекција, која ја чека настап на Евробаскетот од Дивизијата „Б“ во Скопје, ќе биде Нермин Пепиќ.

Едногласна поддршка од Управниот Одбор на КФСМ, за селектор на М18 машка репрезентација која е дел од „А“ Дивизијата на Европското првенство во Србија, доби Горан Андреевски, додека пак предводник на М20 машката репрезентација која ќе настапува на ЕП од Дивизијата „Б“ во Ерменија, е Горан Самарџиев.