Денеска, македонската кошарка загуби уште едно големо име. Прерано, на 58 годишна возраст, нè напушти големиот Марјан Лазовски.
Поранешниот играчки големец на МЗТ Скопје, на скопски Вардар и некогашен селектор на машката и на женската репрезентација. На нашите младински селекции, од кои една од нив, ја однесе онаму каде што до тогаш тешко можеше и да се замисли, на Европското првенство.
Човекот кој ја предводеше Македонија на единствениот настап во предолимписките квалификации во 2012 година во Венецуела.
Човекот кој што како тренер работеше во Вардар, МЗТ Скопје, АМАК-СП, Пелистер, Торус и во Работнички, кој ете, денеска ни остави само сеќавања на својот ведар дух и голема добрина, како и огромната љубов кон кошарката.
Почивај во мир добар наш Маки!