Славниот хрватски кошаркарски тренер и член на „Куќата на славните“ , Мирко Носовосел почина денеска во 86 година од животот.
Некога одличен кошаркар, потоа и стручњак, ќе се памети по успесите со загребска Цибона која ја водеше во три наврати, а со популарните „волци од Тушканац“ во 1985 година стигна до европската титула, додека една година подоцна, кога беше одбранета таа највисока титула во европската клупска кошарка, беше во клубот, но во друга улога, затоа што главен тренер беше Жељко Павличевиќ.
Исто така, Новосел славеше големи успеси и со репрезентацијата на Југославија, Од 1973 до 1975 година освои две злата на континенталните натпреварувања, како и сребро на Светскиот Куп во 1974, додека во 1976 година, зема сребро и на Олимписките игри во Монтреал.
Како селектор, исто така зема и бронзен медал на ОИ во Лос Анџелес,
Беше селектор на Хрватска со која се закити со европска бронза во 1993 година, и е единствениот по тоа што во 1971, 1972 и 1973 година, го освојуваше кадетското, јуниорското, а на крајот и сениорското Европско првенство.
Беше прогласен за тренер на годината во Европа во 1985, а на клупата на Цибона зема два пехари во Купот Сапорта (1982 и 1987 година), две лиги на СФРЈ (1982 и 1984), и седум трофеи во тогашниот Куп на Југославија (1969, 1980-1983, 1985 и 1988 година),
Целата играчка кариера ја помина во загрепска Локомотива, претходникот на славната Цибона, чиј почесен претседател беше извесно време.
Од 2007 година, Мирко Новосел е член на „Куќата на славните“ во Спрингфилд, додека три години подоцна, во 2010, ФИБА го постави и во својата „Куќа на славните“.
Слава му!